Си беше една жена која сакаше да го убие детето на сосетката

Издавач: ИЛИ-ИЛИ

ISBN: 9786084770077

Година на издавање: 2015

Број на страници: 196

Корица: softcover

Нема на залиха

Краток опис

Збирката раскази, со која Петрушевскаja за првпат му се претставува на македонскиот читател, претставува избор од можеби највиталната страна на нејзиниот писателски опус – загадочните и фантастични раскази. Тие се поделени во четири тематски целини според циклусите кои самата авторка ги уреди за руското издание. Љубопитниот читател ќе сретне мрачни и надреалистични вињети, раскажани во манирот на урбаниот фолклор, апокалиптични приказни за пропаста на социјално-политичкиот поредок, раскази кои ги истражуваат меѓучовечките односи под заканата од непознатото и после смртта, и вистински бајки за возрасни, како што самата писателка ги нарекува некои од своите прозни дела.

Оваа книга на руската писателка е посветена на љубовта – поточно, таа е посветена на разните видови љубов, почнувајќи од речиси детската, безнадежна и вечна, и завршувајќи со умната и мудра љубов, љубовта која е подготвена на сè, која простува и која спасува. Судејќи по напишаното, писателката знае многу приказни, и еден дел од нив претставуваат бајки со среќен крај, додека други наликуваат на старите балади во кои бесмртна останува само љубовта. Уживајте!

lydmila-petrushevskaya

Људмила Петрушевскаја

Људмила Петрушевскаја (1938) е руска писателка, авторка на песни, раскази, романи, драми и филмски сценарија. Пишува и за деца. Освен со пишување, таа се занимава и со сликање акварели и монотипија....

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил