Слобода од познатото

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082308913

Година на издавање: 2023

Број на страници: 136

Димензии: 21cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 280  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

За да се гледа не се потребни ни философија ни учител. Никој не мора да ви каже како да гледате. Едноставно гледате.

Нашиот свет е полн со насилство и страдање и потребна му е промена. Но како таа да се постигне? Кришнамурти нè поттикува активно да (се) истражуваме и да излеземе од стапицата на познатото за да можеме да постигнеме промена во себе, а со тоа и промена во мислењето и однесувањето на целото човештво.

Што е освестеноста и како да се постигне, во што е суштината на човековата потрага, што е љубовта, зошто се плашиме од смртта, зошто страдаме и зошто нашиот ум е несреќен?... се само дел од поважните теми што ги обработува Кришнамурти покажувајќи како луѓето можат радикално и брзо да се ослободат од тиранијата на очекуваното, без разлика на својата припадност. Големиот учител ни нуди изобилна духовна ризница од која читателот ќе црпи со задоволство и благодат.

„Кришнамурти ми изврши длабоко влијание и ми помогна да ги надминам самонаметнатите ограничувања на мојата слобода.“

Дипак Чопра

„Еден од најголемите мислители на сите времиња.“

Далај-лама

jiddu-krishnamurti

Џиду Кришнамурти

Џиду Кришнамурти е индиски философ, говорник и писател, еден од најголемите мислители и духовни учители на сите времиња. Се занимавал со прашањата на духовноста, медитацијата, самоспознанието, образ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил