Медитации

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307954

Година на издавање: 2021

Број на страници: 32

Димензии: 125/195

Корица: softcover

На залиха
As low as 250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Не расправај многу за тоа каков треба да биде добриот човек, туку ти самиот биди таков.

Медитации е светилник што големиот римски император и философ Марко Аурелиј го изградил среде разбрануваниот океан на секојдневните обврски и проблеми, со цел никогаш да не го загуби курсот на пловидбата кон моралноста и мудроста.

Напишана на старогрчки јазик, без никаква намера некогаш да биде објавена, Медитации е извонредна книга философско-интроспективни записи за разбирањето на себеси, функционирањето на светот и универзумот. Со овие текстови, кои имаат цел да дадат лична утеха и да бидат охрабрување за водење едноставен живот проникнат со скромност, љубов кон луѓето и моралноста, Марко Аурелиј создава едно од најголемите философски дела на сите времиња. Книга на која ѝ се восхитуваат и од која се инспирираат државници, мислители и читатели низ целиот свет, ризница на мудрости во потрагата по смислата на животот.

marcus-aurelius-antoninus

Марко Аурелиј

Владетелот и филозоф Марко Аурелиј живеел и владеел во периодот кога Римското царство полека започнува да го губи сјајот на епохалната сила и доминантност, но од друга страна тоа е време кога паралелно...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил