Потпалувачи

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 9786084892243

Година на издавање: 2020

На залиха
As low as 245  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Добитник на Европската награда за литература


Потпалувачи е приказна за двајца татковци од Белфаст во време на големи социјални немири. Додека градот е во пламен, а властите ја губат контролата, Џонатан и Семи се соочуваат со своите лични демони.

За Џонатан, тоа е момент кога може да го преобрази својот повлечен живот и да ги прифати можностите да се поврзе со луѓето. Како самохран родител на штотуку родена ќерка, дилемата со која треба да се избори е дали да дозволи љубовта кон детето да го попречи фактот дека тоа ги има наследено карактеристиките од мајка си, сирена.

Проблемот на Семи е што неговиот пораснат син ги има сите убиствени особини што и самиот ги поседувал како млад. Семи е убеден дека токму тој е предводник на подметнувањето пожари. Треба ли да го пријави сопствениот син во полиција?

Кога нивните патишта ќе се вкрстат и кога границите помеѓу фантазијата и вистината се замаглуваат, кого овие двајца татковци ќе изберат да заштитат?

Поттикнувачка и возбудливо оригинална, оваа приказна за суровата семејна љубов и жртвувањето е преполна со магија.

„Спектакуларна. Силно реална, лудо магична и примамлива.“ – Донал Рајан.


„Волшебно, интелигентно и храбро.“ – Ајриш тајмс


jan-carson

Јан Карсон

Јан Карсон е писателка и учителка по убави уметности од Белфаст. Нејзиниот прв роман „Малком Оринџ исчезнува“ бил издаден од „Либерти прес“ во 2014 година и добил одлични критики. Потоа ги издала зб...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил