Споменот на него

Издавач: САКАМ КНИГИ

ISBN: 9786082601588

Година на издавање: 2021

Број на страници: 356

Димензии: 21 cm

Корица: softcover

Нема на залиха

Краток опис

По отслужувањето затворска казна од пет години за трагична грешка од минатото, Кена Роуан се враќа во градот каде што се случила трагедијата, надевајќи се дека ќе добие втора шанса со својата четиригодишна ќерка. Но се покажува дека е невозможно одново да се изградат мостовите кои ги изгорела во минатото. Сите во животот на ќерка ѝ се цврсто решени да не ѝ дозволат на Кена да ѝ се доближи, без разлика колку таа се труди да се докаже.

Единствената личност која не ѝ ја затвора целосно вратата е Леџер Ворд, сопственик на локален бар и една од малкуте преостанати личности кои ја поврзуваат со ќерка ѝ. Но ако некој дознае дека Леџер полека станува важен дел од животот на Кена, двајцата ризикуваат да ја изгубат довербата на сите кои им се битни.

Нивната блискост расте и покрај притисоците околу нив, но истовремено расте и ризикот. Кена мора да најде начин да се искупи за грешките од минатото ако сака да изгради иднина во која ќе има надеж, исцелување и простување.

colleen-hoover

Колин Хувер

Колин Хувер е бр.1 најпродаван автор според Њујорк тајмс и воедно авторка на единаесет романи и пет новели. Хувер главно пишува книги кои спаѓаат во категорија книги за млади, а својата прва книга „Сам...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил