Телото памети

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082308562

Број на страници: 452

Димензии: 21cm

Корица: softcover

Нема на залиха

Краток опис

За да се случи вистинска промена, телото треба да сфати дека опасноста поминала и да живее во сегашната реалност.

Траумата е дел од животот. Човек не мора да биде војник на бојно поле за да се соочи со траума. Многумина од нас или од луѓето што ги познаваме се справуваат со болните последици од своето минато. Голем број возрасни со децении се борат со траумите од емоционалното или физичко насилство што го претрпеле во детството. Истакнатиот светски експерт за траума Бесел ван дер Колк веќе пет децении им помага на овие несреќни луѓе. Користејќи ги последните научни истражувања, во „Телото памети“ ни покажува како траумата ги преобликува телото и мозокот, намалувајќи ни ја способноста за самоконтрола, доверба и исполнет живот. Истражувајќи иновативни начини за лекување – од неврофидбек и медитација до спорт, театар и јога – тој нуди нови патишта за ослободување од траумата. Заснована врз сопствените истражувања на Колк и најновите резултати од водечки специјалисти во областа, оваа книга ја открива огромната моќ на односите, и оние кои повредуваат и оние кои лекуваат, и нуди нова надеж за враќање на среќата во животот.

„Исклучителна книга која ќе биде класика на модерната психијатриска мисла. Задолжителна за секој што сака да го разбере и излечи трауматскиот стрес и опсегот на неговото влијание врз општеството.“ Александер Мекфарлејн, директор на Центарот за студии по трауматски стрес на Универзитетот во Аделаида

bessel-van-der-kolk

Бесел ван дер Колк

Бесел ван дер Колк е светски познат експерт за траума, автор и истражувач, докажан психијатар кој веќе пет децении им помага на луѓето проучувајќи ги ефектите на траумата и нудејќи соодветни методи ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил