Прирачник за проучување на природата

Издавач: ЧУДНА ШУМА

ISBN: 9786084938019

На залиха
As low as 450  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Истражувањето и проучувањето на природата се најстарите човекови активности. Преку нив, тој ја спознавал територијата што ја населува, просторот во кој живее и се храни, како и живиот свет – флората и фауната. Но, денес, кога природата под влијанијата на човекот драстично се менува, потребно е повторно одблизу да се запознаеме со нејзините вредности и елементи. Преку посета на природата и едуцирање за сите живи организми, се поставуваат темелите за нејзината заштита.

Овој прирачник во неколку поглавја дава практични совети и методи како можеме да го проучуваме живиот свет околу нас, при прошетка низ шума, пикник или дури посета на градскиот парк.

Темите, таксономски поделени, даваат и насоки, но и пораки за важноста на живиот свет околу нас.

Во овој прирачник, наменет за сите возрасти, претставени се методи од апликативната екологија преку кои читателот може да го проучува живиот свет. Почнување на истражувачки дневник, следење на промените на сезоната, набљудување инсекти, птици и цицачи, како и собирање растенија и изработка на хербариум се само дел од содржините на овој прирачник.

Целта на прирачникот е да го натера читателот да поминува колку што е можно подолго време на отворено во природа, да го спознава и да го набљудува живиот свет, да се грижи за загрозените живи организми и да го зголеми своето познавање за националните, но и за светските природни вредности.

kiril-przo

Кирил Арсовски Пржо

Кирил Арсовски Пржо e еколог и професор по биологија, главен уредник на едукативната веб платформа ДОМА (doma.edu.mk) на Институтот за комуникациски студии. Тој е продуцент и автор на серијалот на е...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил