Љубов голема колку Скопје

Издавач: ПАБЛИШЕР

Година на издавање: 2022

Број на страници: 48

Димензии: 23cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 243  ден. Regular Price 340  ден.  -97  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Една кутија закопана два метри под земја.

Едно старо писмо, медалјон и клуч.

Звучи интересно, зар не?

Откријте ја мистеријата обвиткана околу најљубовната скопска приказна што некогаш сте ја прочитале.

„Љубов голема колку Скопје“ е втора книга за деца и млади од Александра Тодоровиќ. Таа го прифати предизвикот да влезе во временската капсула и оттаму да им купи билети на сите кои сакаат да бидат дел од едно неверојатно патување. А Скопје е љубов и во себе крие многу љубови. Скопје е љубов заради луѓето во него. И секогаш сè е заради љубовта. Таа врзува, ослободува и крева. Затоа Александра Тодоровиќ, која добро го познава Скопје напиша едукативна и интерактивна книга која ќе го разбуди љубопитството на децата, но и суптилно ќе им подметне не само знаење и интерес за она што било, туку и љубов која ќе ги научи како да се грижат за околината и за луѓето во неа.

aleksandra-todorovikj

Александра Тодоровиќ

Александра Тодоровиќ (Филиповска – Јанковиќ) е македонска авторка, пред сè позната по книжевните светови кои им ги подарува на децата. Родена е во 1980 година, во Скопје, каде што го завршува и средн...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил