Внатрешен човек

Издавач: Проект Гутенберг

ISBN: 9789989893339

Година на издавање: 2021

Број на страници: 292

Димензии: 30 cm

Корица: softcover

Нема на залиха

Краток опис

Поентата на сите овие текстови е во тоа да се упатиме кон себеси, кон внатре, кон сопствената личност и кон Божјото зрно посеано во секој од нас, за да изградиме единствено можен, внатрешен човек, а да се одлепиме од „надворешниот човек“, човекот на нашето време, кој сите вредности ги гледа надвор од својата личност, во објективниот и материјален свет. Да се одлепиме и вардиме од тој острастен, осилен, агресивен антропоцентрик што во име на своја, човечка правда знае да истрела и револуционерен куршум во тилот на својот клекнат брат со раце врзани одопаку, во кој гледа идеолошки непријател. Зашто, нашето време, како можеби ретко кое до сега, ги избриша (претенциозно „научно“ кажано ги деконструираше) границите меѓу сите идентитети, дури и меѓу доброто и злото, па создаде мимикрија на доброто, негови совршени симулакруми кои во суштина се еманација на чистото зло. Живееме во галаксија на слики, екстерни, а сѐ помалку имаме слики во нашата душа; сеќавањата ги сведовме на помнење поими и броеви, а не на помнење чувства или барем мириси, бои и звуци. Никогаш внатрешниот човек во нас не бил посиромашен од денес. Затоа и оваа книга. Ако со неа успеам да убедам некого дека не мора секој да биде монах, ама секој може да биде внатрешен човек, сум постигнал сѐ.

            Велам: не мора (и не може) секој да биде монах. И не мора дури секој да биде верник, за да биде внатрешен човек. Изгледа противречно, ама не е. Берѓаев вели: „Кога бесмртноста на човекот ја поврзувам со Христос, јас воопшто не сакам да кажам дека бесмртноста постои само за оние што свесно веруваат во Христос. Проблемот е подлабок. Христос постои и за оние кои не веруваат во него“.

            Ете, затоа оваа книга.                                                        

venko-andonovski

Венко Андоновски

Венкo Андоновски (1964, Куманово) е прозаист, драматург, критичар. Професор по книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Еден од најчитаните македонски автори во последнава деценија. Романот Пап...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил