Женски декамерон

Издавач: АНТОЛОГ

ISBN: 9786082433134

На залиха
As low as 400  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

„Женски декамерон“ е книга за десет млади советски жени, кои ќе се најдат во исто породилиште во Ленинград, во период кога во таа установа е воведен карантин. Тие ќе мораат да поминат таму уште десет дена, нешто што, секако, воопшто не ги радува. Тогаш на едната од нив ѝ текнува да ја повтори приказната што прв ја раскажал фирентинскиот писател Бокачо; имено, за време на десетте дена да се забавуваат  раскажувајќи си приказни за животот, за мажите, за љубовта, за љубомората, за неверствата, за заведувањето, за фарсичниот секс, за парите, за среќата и за многу други нешта што ја возбудуваат секоја женска душа, вклучително и руската.

Предлогот е едногласно прифатен и во тие десет дена жените раскажуваат сто приказни – по една приказна на ден од секоја од нив – во кои се насетува суровата реалност на едно општество распарчено од самоубиства, разводи и алкохолизам, сиромаштија, закани за ужасни затворски казни. Истовремено, од оваа книга зрачи страсна верба во духовната сила на руската жена, со која сочувствуваат читателите низ цел свет.

julia-voznesenskaya

Јулија Вознесенскаја

Јулија Вознесенскаја (1940-2015) е една од најзначајните руски писателки од втората половина на XX век. Во 1976 година била осудена на четири години егзил за антисоветска пропаганда. ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил