Живот – Мојата приказна

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082308333

Година на издавање: 2022

Димензии: 21см

Корица: softcover

На залиха
As low as 300  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Животот е борба. А колку потешка е борбата толку послатки се плодовите, толку посладок е животот.

 

 

Ниту еден живот не е обичен, но некои животни приказни имаат малку понеобичен тек. Таков е животот на еден човек кој доживеа многу и пропатува на најразлични места во светот запознавајќи многу луѓе, но запознавајќи се и себеси... И тогаш реши стварноста што ја живее, а која и ти ја живееш, да ја запише на картони. Веројатно веќе знаеш за кого зборуваме. Е па, Кристијан е многу повеќе од Човекот со картоните.

 

Запознај го одблизу и ѕирни колку „Живот“ се крие во неговата енергија. Да, многупати нè насмеал, но сега е време да дознаеме што се крие зад неговата насмевка. Зашто насмевките не кријат секогаш среќа. Понекогаш таму има и разбранувано море. Убавината е да научиш да пловиш и по него. Кристијан нека биде капетанот, а бродот, драги гледачу на животниот филм на Бомбакис, е токму оваа книга што ја држиш во рацете.

 

П. С. Внимавај при пловењето, понекогаш е тешко да се одржува рамнотежата кога едната страна на морето те смее, а другата те расплакува.

kristijan-stankovski

Кристијан Станковски

Кристијан Станковски е роден на 21 април 1991 година, во Скопје. Средното образование го завршил во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во 2009 година, а потоа се запишал на Факултетот за земјоделски науки ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил