Зошто ме тргаш од ѕвездите

Издавач: Самостојно издание

ISBN: 9786082458328

Број на страници: 51

Димензии: 21cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 280  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Книгата „Зошто ме тргаш од ѕвездите?“ од Леонардо Змајшек е симпатично четиво за зреењето, растењето, за сите дилеми, болки и радости што ги носи периодот на адолесценцијата. Со нескриена младешка енергија, со уште поотворена тинејџерска љубопитност и желба за сознавање, расказите на Леонардо откриваат еден лик и многу негови внатрешни гласови или обратно, мноштво ликови, а еден доминантен глас што раскажува. Леонардо, можеби и ненамерно, но секако интересно, си поигрува и со елементите на научната фантастика, креирајќи ликови или суштества кои во себе или околу себе носат енигма на мистичност, на чудесна интервенција од некој или нешто непознато.

Текстовите откриваат и автор кој е упатен и пасиониран читател, со силно влијание од митологијата, од епската фантастика, од трилерот како литература или неговата екранизација. Дел од расказите лесно би можеле да бидат адаптирани за стрип, филм или видеоигра.

Леонардо Змајшек пишува искрено, емотивно, со силна страст за метафори, градење слики и цели лични светови. Неговата книга и емотивниот вртлог во неа, за повозрасните читатели може да биде и силна шлаканица или одговор на прашањето каков свет им оставаме на нашите деца.

leonardo-zmajsek

Леонардо Змајшек

Леонардо Змајшек е роден на 25 јуни 2004 година во Скопје. Уште од рана возраст се покажува како љубопитно дете кое неуморно го истражува светот околу него. Основното образование го завршува во ООУ ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил