Скриени желби немирни патувања

Издавач: АНТОЛОГ

ISBN: 9786082434179

Година на издавање: 2020

На залиха
За само 300  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

„Скриени желби, немирни патувања“ е мозаичен роман во кој врз основната приказна за четири ликови се вкрстуваат приказните на педесетина луѓе од различни географски меридијани.

Книгата претставува микс од приказни, преплетени и вмрежени меѓу себе, доловени со многу детали, хаику-моменти, филмски секвенции, духовни епифании. Роман за интеракцијата меѓу личното и надворешното, за начинот на кој атмосферата и ситуациите ги обликуваат нашите внатрешни пејзажи, за потребата да се раскажуваат приказни и да се пронаоѓаат сјајот и лагата во нив. Еден од најинтересните аспекти во романот е релацијата меѓу четирите основни и преостанатите куси приказни. Од таа релација се градат визуелни и мисловни контрапункти, ситни драматуршки пресврти, нијансирани поттекстови. Комбинацијата од непристрасен поглед на камера и лично обоено раскажување создава необичен тон, кој предизвикува читателот да биде оставен пред отворената врата на толкувањето.

vladimir-jankovski

Владимир Јанковски

Владимир Јанковски е роден во 1977 година во Скопје. Завршил општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работeл како уредник во издавачката куќа Темплум, во НВО ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил