Сликата на Доријан Греј

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082308609

Година на издавање: 2022

Број на страници: 276

Димензии: 20cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 300  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Генијот трае подолго од убавината.

Восхитен од својот штотуку насликан портрет, Доријан Греј си ја нуди душата во замена за вечна младост и убавина. Сакајќи да ги вкуси сите плодови на животот, тој тајно им се препушта на ниските страсти, додека пред очите на високото општество останува џентлмен достоен за восхит. Само портретот ги носи трагите од неговите гревови. Фаустовскиот пакт со ѓаволот во замена за вечна младост и убавина не му е туѓ ни на нашето време. Но тој неминовно води во пропаст. Додека Доријан позира, и пред уметникот и во животот, се урива целата стварност и неговиот портрет станува огледало на неминовната преобразба. Така тој прераснува во симбол на новото време кое одбива да ја прифати неизбежноста на стареењето, икона на лажниот култ на денешниот човек кој е во трескава трка по вечната младост.

„Сликата на Доријан Греј“ е еден од најсубверзивните романи на 19 век и еден од најактуелните во нарцистичкиот 21 век. „Оскар Вајлд е најопасниот производ на модерната цивилизација.“

Андре Жид

oscar-wilde

Оскар Вајлд

Оскар Фингал О’Флаерти Вилс Вајлд (англиски: Oscar Fingal O'Flahertie Wills Wilde, Даблин, 16 октомври 1854 - Париз, 30 ноември 1900) — ирски драмски писател, поет, раскажувач и автор на еден роман. ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил