Снегулки

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-6292

Година на издавање: 2019

Број на страници: 234

Димензии: 140/210

Корица: softcover

На залиха
As low as 200  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Дејството на романот се одвива во кризните 80-ти години, во Камден, Њу Џерси, во заедница на емигранти кои не успеале да го остварат американскиот сон. Додека адолесцентите и возрасните се справуваат со тешките животни моменти, истовремено се развиваат сеќавањата за претходната генерација Грци и други американски имигранти. Приказната ја следи тинејџерката Мини: кога исчезнува нејзиниот проблематичен брат, мајка им, по потекло од Порторико, умира од тага. Семејството Кампанис одлучува да ја прими Мини: мајката Сузан, поранешен хипик, таткото Басил, претставник на втората генерација американски Грци, и Лето, соученичката на Мини и единствената ќерка на Сузан и Базил. Доаѓањето на Мини повторно ги разоткрива старите семејни лузни.

Оригиналниот наслов Дентрити е термин кој се користи да се опише формата на снегулката, зашто токму како снегулки, Мини и Басил, Лето и Сузан, и другите ликови во книгата, се уникатни и прекрасни додека летаат низ воздухот и се топат. Во апстрактна смисла, „дентрит“ означува и сеќавање: семејните стебла и трагите што го оставаат за идните генерации.

Снегулки е трета книга на Калија Пападаки, за која ја доби Европската награда за литература во 2017 година.

kallia-papadaki

Калија Пападаки

Калија Пападаки е родена во 1978 година, пораснала во Солун, завршила економија во САД и филмски студии на Школата за филм „Ставракос“ во Атина. Работи како професионален продуцент. Нејзиното прво сцен...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил