Совети за преживување

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-6100

Година на издавање: 2018

Димензии: 140/210

На залиха
За само 299  ден. Регуларна цена 500  ден.  -201  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Дента кога дознава дека нејзиниот маж славниот уметник Хју Вокер забременил друга жена Нора се заколнува: Има да се вратам во живот колку време и да ми треба!...

Потребни ѝ се три години. Со помош на најверната пријателка бега од Њујорк во тивкиот Пикод, каде што ја води колумната Совети за преживување во локалниот весник и внимателно му ја подотвора вратата на нов маж во својот живот. Но кога Хју со своето совршено семејство се доселува во истиот град, цврстината ѝ се поткопува. Повторно љубомора, понижување, гнев... а потоа шокот дека брачната двојка е убиена во својот дом. Нора не може да даде цврсто алиби за ноќта на убиствата. Сеќавањата ѝ се мрачни колку и фантазиите за одмазда. Додека обрачот околу неа се стега, таа мора да се соочи со една своја темна страна и да докаже дека не е единствената со мотив за убиство...

Во своето книжевно деби Рене Шафрански ни нуди возбудлив психолошки трилер проткаен со хумор. Роман за личната потрага по вистината која понекогаш на сите ни се лизга низ прсти, но и за потрагата по втора шанса во животот.

„Мајсторски напишана крими-мистерија со остроумна и храбра хероиња која заслужува серијал.“ Буклист

 

renee-shafransky

Рене Шафрански

Рене Шафрански е американска писателка и психотерапевтка. Нејзините написи и есеи биле објавувани во најразлични изданија, меѓу кои Вилиџ војс, Конде Наст травелер, Саутемптон ривју. Пишувала сценар...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил