Спасителот

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2017

Димензии: 140/210

Нема на залиха

Краток опис

Во летувалиштето на Војската на спасот силувана е една четиринаесетгодишничка. По дванаесет години на предбожикниот концерт на оваа организација некој од толпата убива еден од нејзините војници. Фоторепортерите го сликаат можниот убиец но стручњакот за препознавање лица Беата Лен ја збунува тоа што ликот му е различен на секоја слика... Инспекторот Хуле тргнува во лов на човекот без лице што го води во поранешна Југославија и назад во подземјето на норвешката престолнина во еден свет што бара вечно – или барем мигновено – спасение. А платеникот сè уште не ја завршил својата задача...

Спасителот е мајсторски испреплетена мистерија што ќе ви ги надмине очекувањата. Покрај ексцентричниот детектив Хари Хуле, тука е и таинствениот убиец израснат од пеколот на војната. Овој беспрекорно уверлив трилер ни покажува дека жедта за одмазда може да ја замрачи дури и најсветлата душа.

„Несбе постепено изби на врвот на скандинавскиот криминалистички роман, и тоа во мошне сериозна конкуренција. Во Спасителот тој се надмина себеси, а неговиот јунак, детективот Хуле, стана омилениот лик од овие простори... Неверојатни пресврти и напната атмосфера.“ Тајмс

jo-nesbo

Ју Несбе

Ју Несбе (1960) е современ норвешки писател, музичар, економист. Се смета за водечки автор на криминалистички романи и трилери во Европа. Дипломирал економија, работел како берзански брокер и новина...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил