Срце од мастило

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-655-1

Година на издавање: 2019

На залиха
As low as 250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Дванаесетгодишната Меги неочекувано дознава за необичната дарба на својот татко Мо – кога чита наглас, тој ги оживува ликовите од книгите. Една дамнешна вечер тој толку вдахновено ѝ читал од Срце од мастило што неколку негативци од книгата влегле во нивниот живот. А потоа Мо открива нешто уште пострашно – во мигот кога ги „исчитал“ злобниот Каприкорн и неговиот помошник, во книгата ја „вчитал“ Мегината мајка!

Опкружени со своите книги, Меги и татко ѝ не ни сонуваат дека наскоро од корен ќе се променат нивните животи. Каприкорн со години трага по книговезецот Мо сакајќи да ја искористи неговата дарба за остварување на своите мрачни цели. А кога ќе успее да го киднапира, Меги и нејзините реални и измислени пријатели тргнуваат во авантура за каква што дотогаш само читала во своите книги – за да го спаси саканиот татко и да ја затвори последната страница од магичната книга.

Безвременска приказна за книгите, имагинацијата, животот. Би се осмелиле ли да ја прочитате наглас? Гуд ридс

Неверојатна приказна попрскана со малку волшебна прашина. Њујорк тајмс

cornelia-funke

Корнелија Функе

Корнелија Функе (1958, Дорстен, германскиот регион Вестфалија) е германска авторка на фантастична литература за деца која објавила над 40 книги, за кои добила многу награди, а нејзините најпознати дела...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил