Среќното семејство на калуѓерот што го продаде своето ферари

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-524-0

Година на издавање: 2017

Димензии: 125/195

На залиха
За само 250  ден. Регуларна цена 320  ден.  -70  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Едноставниот инспиративен и докажано ефикасен систем на прочуениот гуру открива како да му помогнете на своето дете да го оствари својот целосен потенцијал а притоа да постигнете и сопствен внатрешен мир.

Џулијан Ментл, поранешен адвокат кој навреме ја осознал вистинската смисла на животот, е подготвен за нови предизвици. На патот кон исполнето, урамнотежено и среќно постоење нема поважен фактор од семејството. Затоа Џулијан во оваа книга изложува низа проникливи сознанија и практични совети со кои ќе му овозможите на своето дете да ги препознае и да ги реализира своите дарби. Исто така, ќе ви покаже како со членовите на семејството да остварувате однос исполнет со доверба, кој ќе се претвори во цврста и нераскинлива врска.

Споделете ја радоста на живеењето со своите најблиски и научете како подобро да се разбирате. Насочете ги своите деца по патот на големите соништа и покажете им дека ништо не е недостижно. Свртете се кон тоа што ви е најважно и секој ден уживајте во даровите што ви ги дава животот.

robin-sharma

Робин Шарма

Робин Шарма е светски почитуван хуманитарец и основач на непрофитна организација што им помага на загрозените деца да живеат подобар живот. Нашироко познат како еден од врвните светски експерти за п...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил