Станица единаесет

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 978-608-4569-58-9

Година на издавање: 2017

Димензии: 140/210

Нема на залиха

Краток опис

Романот Станица единаесет е исклучително моќен и потресен спој на семејна драма и апокалиптична научна фантастика. Напишан со спокоен интимен тон романот прикажува сценарио за крајот на светот кое можеби е во доменот на фантастичното но секако не е невозможно.

 По појавата на грузиски грип, над 99 проценти од светското население умира. Преживеаните ќе се соочат со еден сосем поинаков свет, на кој одново ќе мора да се адаптираат за да преживеат. Среде хаосот на апокалипсата, една група уметници решаваат дека не е доволно само да се преживее, па ја формираат „Патувачката симфонија“ – трупа на актери и музичари кои патуваат низ опустошениот нов свет и изведуваат класични концерти и драми...

Преплетувајќи повеќе ликови и приказни во своевиден метафизички трилер, Станица единаесет изгледа како сложена и грандиозна симфонија, во која читателот ќе биде оставен без здив.

 „Вознемирувачки роман за сериозни теми, кој истовремено е преполн со нежност и лиричност. Елегантноста на стилот на Емили Мандел е доведена до перфекција, а нејзините описи се толку живи и силни што ќе ве следат уште долго откако ќе го прочитате романот.“ New York Times

 

 „Тешко е да се замисли роман кој би бил посоодветен за денешната политичка, еколошка и општествена ситуација. Дистописка научна фантастика во своето најдобро издание.“ The New Yorker

 

„Изненадувачка и прекрасна приказна за топлината и сложеноста на меѓучовечките односи среде свет кој неповратно се распаѓа.“ The Washington Post 

 

emily-st-john-mandel

Емили Сент Џон Мандел

Емили Сент Џон Мандел е родена во 1979 година, во Канада, на островот Денман, на западниот брег од Британска Колумбија. На осумнаесет години се запишува во Школата за танцов театар во Торонто за да ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил