Суво мастило

Издавач: Македоника Литера

ISBN: 9786082521428

Година на издавање: 2020

Број на страници: 320

Димензии: 200x140

Корица: softcover

На залиха
As low as 300  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Дејството на романот „Суво мастило" на Владимир Илиевски го опфаќа бурниот период на преминот меѓу XIX и XX век и се одвива во неколку средини во Европа (Битола, Дрезден, Загреб, Софија...). Животните патишта на хрватски инженер и пронаоѓач и на македонски чорбаџиски син, студент по музика во Дрезден, се сечат во временски, просторни и судбински точки. Тие точки отвораат моќни егзистенцијални прашалници кои не се поврзани само со времето и просторот, туку се и универзални. Авторот вешто ја користи историјата како моќна, објективна и вистинита книжевна подлога, а истовремено гради субјективен книжевен однос и перцепција кон таа вистинитост. Главниот лик, односно еден од трите главни лика во романот е хрватскиот пронаоѓач Едуард Пенкала, кој патентирал околу 80 пронајдоци, меѓу кои и хемискиот молив, наречен по него – пенкало. Романот се одвива на три нивоа, односно со три приказни раскажани во прво лице еднина од аспект на трите главни лика. Секоја дел е приказна за себе, но истовремено приказна која ја дополнува и приказната на другите два главни лика.

Се добива впечаток дека секој дел може да егзистира самостојно, но ако се погледне, од аспект на затворената целина на романот, јасно се заклучува дека секој дел има јасна позиција и функција во прозната композицијата, и структурална и наративна. Иако раскажувањето е во прво лице еднина, во нарацијата се среќаваат три раскажувачки гласови. На овој начин јас-раскажувачот е разбиен на три одвоени раскажувачки потстила и секој од нив се одликува со сопствени карактеристики. Во раскажувачката постапка доминира хронолошкиот ред на настани, но тој ред наместа е прекршен. Со ваквата постапка, авторот умешно го дозира наративното темпо и, кога е потребно, ја зголемува динамиката на дејствието во романот.

vladimir-ilievski

Владимир Илиевски

Владимир Илиевски (Скопје, 1970) е поет, прозаист и книжевен теоретичар. Дипломира и магистрира на Филолошкиот факултет во Скопје. Автор е на поетските книги: „Гледач на линија“ (1997), „Избор и случај...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил