Тајната на Алексови

Издавач: САКАМ КНИГИ

ISBN: 9786082600512

Година на издавање: 2020

Нема на залиха

Краток опис

Алекса Алексов потекнува од богато и познато семејство. Тој е единец на мајка и татко кои многу се обидувале, но не можеле да имаат други деца, па можеби токму тоа е причината што е по малку разгален, што сè му е допуштено, што има малку тежок табиет и никој едноставно не може да го одбие за ништо. Така, уште првиот ден кога ја здогледува помладата и преубава Дафина, решава дека таа мора да му стане жена.

Но, како што велат злобните соседи, семето на Алексови тешко фаќа, не вирее. По пет неплодни и страдални години, најпосле им се раѓа првата ќерка. Потоа, им се раѓа и втората. И третата… Алекса е изгорен за син и не го крие тоа, па Дафина е несреќна што не може да му го даде наследникот по кој тој толку копнее. Ова незадоволство дополнително го потпалува лошиот табиет на Алекса, па трите сестри почнуваат да живеат во страв од нивниот избувлив татко, обвинувајќи се себеси што не се тоа што тој најмногу го посакува. И баш кога помислуваат дека среќата конечно ќе им се насмевне, зад аголот чека ново страдање…

Семејна сага на три генерации жени; клопче од тајни, страдања и солзи.

nade-stojilkovikj

Наде Стојилковиќ

Наде Стојилковиќ е долгогодишна новинарка и главна и одговорна уредничка на повеќе списанија и магазини. Новинарската кариера ја започнала со двегодишно работење во дневникот „Вечер“, а потоа 17 год...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил