Таен сведок

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2018

Димензии: 140/210

На залиха
As low as 450  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Очекуваме од нашите судии да бидат чесни и мудри ‒ нивниот интегритет и нивната непристрасност се темелот на целиот правосуден систем.

Со својата долгогодишна работа како агент во Комисијата за судиска етика, Лејси Столц смета дека повеќето проблеми во работата на судиите се должат на некомпетентност, а не на корупција. Но на нејзината маса завршува токму таков случај. Еден бивш адвокат, кој се враќа во фелата под новото име Грег Маерс, тврди дека судијката Клодија Мек-Довер е најкорумпираниот судија во историјата на американското правосудство. Не само што за поткуп вмешала прсти во изградбата на големо казино во индијански резерват во кој важат други закони, туку е и тесен соработник на мозокот што стои зад сето тоа, фантомскиот мафијашки бос Вон Дјубоз. Планот со години функционира совршено.
Сега Грег и неговиот анонимен клиент ‒ Тајниот сведок ‒ сакаат да ја разоткријат судијката за милионска награда.На Лејси веднаш ѝ станува јасно дека тоа може да биде опасно. Што ако буквално си го става животот на коцка?...

Од мајсторот на правниот трилер Џон Гришам, нов, опасно возбудлив роман за корупцијата во темните ќошиња на сончевата Флорида.

 

john-grisham

Џон Гришам

Џон Гришам е американски автор на правни трилери. Роден на 8 февруари 1955 во Џонсборо, како син на градежен работник и домаќинка. Во детството сонувал да биде професионален безбол-играч, но го одби...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил