Тао Те Чинг

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307411

Година на издавање: 2021

Број на страници: 140

Димензии: 125/195

Корица: мека

На залиха
За само 180  ден. Регуларна цена 199  ден.  -19  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Тао те чинг не е израз само на филозофијата и мистиката на Истокот. Езотерична и истовремено практична книга применлива во животот на современиот човек, таа е ода на мудроста од вечниот извор што го носиме во себе.

Учењето на таоизмот и на „Стариот учител“ нуди одговори за најразлични животни прашања, а идејата за умствена и душевна рамнотежа ја прави корисна и во бизнисот и во политиката. Следењето на овие концепти доведува до разбирање на сите нешта во човековата природа, поставувајќи го себепознанието како највисока мудрост. Тие го покажуваат патот до внатрешната сила и моралното живеење што, всушност, е и целта и значењето на тао, или правиот пат .

Ова ремек-дело на кинескиот мудрец Лао Це е задолжителен прирачник за сите кои сакаат да живеат во хармонија со себеси, со другите луѓе и со природата. Иако е напишано пред повеќе од 2.500 години на Далечниот Исток, концептите и учењата што ги изнесува никогаш не биле порелевантни за современиот западен свет. Тао те чинг е практичен водич до идеалната личност што треба да ја постигне секој поединец.

laozi

Лао Це

Лао Це (кинески: 老子 — важна фигура во кинеската филозофија, чие историско постоење е под знак прашање. Кинеската традиција смета дека тој живеел во 6 век п.н.е., но многу модерни историчари тврдат дека...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил