Тажниот гостин

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307787

Година на издавање: 2021

Број на страници: 210

Димензии: 125/195

Корица: softcover

На залиха
As low as 300  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

На крајот, сè се сведува на (не)прифаќање на ранливоста на постоењето.

Среде зима во туѓ град, еден млад човек почнува да ја раскажува својата приказна испреплетувајќи ја со туѓи биографии, за да не го изгуби чувството на припадност. Трагајќи по нејзината смисла, бара одговор за суштината на животот и смртта. Дали тој одговор лежи во архитектката Дорота, која со својата интелектуална енергија и егзистенцијалистичките монолози покренува уште повеќе прашања? Или пак во несреќниот Даријуш, хирург кој ја губи работата поради проблеми со алкохолот?

Оваа книга е портрет на Градот – местото каде што се судираат индивидуалните судбини и универзалните правила, историските херои и настани и луѓето од сегашноста, кои заедно ја формираат сликата за Нештото и Ништото. Раскажувајќи општочовечки приказни, но користејќи ги сопствените искуства, Наврат создава филозофска приказна со импресивен и прецизен тон за едно недофатливо битие кое преку метафизичкото толкување ја бара смислата на постоењето.

matthias-nawrat

Матијас Наврат

Матијас Наврат (1979) е германски романсиер кој уште од 2012 година се наметнува на европската книжевна сцена. Пишува и кратки раскази и есеи. Роден е во Ополе, Полска, но од 10-годишна возраст живе...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил