УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ


Платформата Kniga.mk е сопственост на Издавачки центар ТРИ ДООЕЛ и се состои од продажна веб страна и две мобилни апликации достапни на Андроид и ИОС оперативните системи.

Издавачкиот центар ТРИ ви нуди можност за пристап до сите информации објавени на самата апликација.

На платформата, како и во нашата книжарница, како регистриран посетител можете детално да ја погледнете понудата и да оставате коментари, без обврска за купување. 

Забранета е секаква злоупотреба на содржината што не е во согласност со условите за користење.



Користење на мобилната апликација Kniga.mk

Во моментот кога ја користите мобилната апликација Kniga.mk обврзани сте да ги почитувате законите и прописите. Содржината на апликацијата не смее да се модифицира, дистрибуира, репродуцира, продава и копира.

Забрането е објавување на материјали со кои се врши клевета, на навредливи, лажни, заканувачки, вулгарни, порнографски материјали, или на материјали кои на кој било начин поттикнуваат на кривично или противзаконско дело.

Издавачкиот центар ТРИ го задржува правото ваквите материјали да ги отстрани од сајтот без претходно да го предупреди корисникот.

Забрането е лажно претставување и објавување неточни податоци поврзани со апликацијата. 

Забрането е користење на апликацијата за пропагандни цели.

Забрането е користење на апликацијата за какво било препродавање на производи.

Забрането е поставување вируси и сите видови компјутерски кодови, датотеки и програми кои на каков било начин можат да ја оштетат апликацијата или да ја преземат контролата над истата.

Нашата платформа можете да ја користите информативно, како и за купување на објавените производи.

Платформата Kniga.mk е продажно место со работно време од 24 часа, секој ден. Вонредно, продажното место може да биде недостапно заради техничко одржување или поради непредвидливи околности кои се надвор од контролата на Издавачкиот центар ТРИ.