Тешко е да не ме сакаш

Издавач: ЧУДНА ШУМА

ISBN: 9786084938026

На залиха
За само 240  ден. Регуларна цена 300  ден.  -60  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Крцко не е совршен. Пред некој ден го изеде чевелот на мама и го уништи моето омилено списание. Тато го вика Напаст затоа што, вели, никогаш не видел понепослушно куче. Откако Крцко е член на нашето семејство, тато повеќе време минува во шпајзот, одошто во дневната соба. А балетската претстава „Оревокршачка“ во која ја играм главната улога само што не се одржала, и замислете, професорката Олга сака и Крцко да учествува во претставата! Каде и да се појави, Крцко стекнува нови фанови. Дури и другите балерини го обожаваат, а нив не е лесно да ги задоволиш. Што да ви кажам, навистина е тешко да не го сакаш.

 

Нина е совршена! И покрај тоа што сака змии и што ми се лути кога ќе ѝ искинам некое глупаво списание. Ме остава да ѝ ги грицкам ушите, а нејзините уши се најмеки на светот! Мама и тато се во ред. Тато ме вика Напаст, нешто што навистина не го разбирам, ама супер е кога заедно лаеме од тераса за да го нервираме комшијата Симе. Велат дека постојано правам некакви глупости, дека сум непослушен и смотан, ама никогаш не ми се лутат долго. Дури и комшијата Симе вели дека сум добро куче. Што да ви кажам, навистина е тешко да не ме сакаш!

jasminka-petrović

Јасминка Петровиќ

-*-*-...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил