Трите ќерки на Ева

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-517-2

Година на издавање: 2017

Димензии: 140/205

На залиха
As low as 360  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

На пат кон една луксузна палата на вечера со истанбулската елита на триесет и петгодишната Пери чантата ѝ ја краде еден питач. Во борбата да си ја врати но и да си го спаси животот на земја ѝ паѓа една фотографија – три студентки со својот професор ‒ реликвија од минатото но и непребол што очајно се обидува да го заборави.

Додека градот го тресат терористички напади, во Пери навираат живи спомени од идиличното детство со нејзиниот мистичен придружник, и од студентските денови на Оксфорд, кога првпат го напушта родниот град. Си спомнува на двете најверни другарки од сликата, бунтовната Иранка Ширин и набожната Египќанка Мона и нивните конфликти за идентитетот, религијата и феминизмот, но и на харизматичниот професор Азур, чиј контроверзен предмет ги преобразува животите на студентите. Како што се стеснува обрачот на тероризмот, Пери е принудена да се соочи со болниот спомен од детството и најпосле – со оксфордскиот скандал што неповратно ги раскинува сите врски меѓу нив...

 „Длабок и незаборавен роман што поврзува различни светови, гледишта и можности.“ Сандеј тајмс

elif-shafak

Елиф Шафак

Елиф Шафак е повеќекратно наградувана британско-турска авторка и една од најчитаните писатели во Турција. Пишува на турски и англиски јазик и има објавено седумнаесет книги, од кои единаесет се рома...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил