Љубов со мали букви

199  ден.
На залиха
На залиха

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-175-4-е

Година на издавање: 2014

На залиха

Краток опис

Првиот ден од новата година. Самуел де Хуан триесет и седумгодишен професор по германска книжевност своеволен осаменик во постојан страв од ненадејна смрт се буди уверен дека ни таа нова година нема да му донесе ништо ново. Меѓутоа еден мал четириножен посетител влегува во неговиот самечки живот со цврста намера и да остане во него. Доаѓањето на Мишима младиот уличен мачор е почеток на чудесните промени во херметичкиот свет што си го создал главниот јунак првиот мал чекор кон љубовта во мало... Чекор по чекор Самуел де Хуан го напушта својот тивок свет на книги музика и филмови своите вкоренети навики и домашната ергенска педантерија и се преселува во свет со „густо населена бучна осаменост“.

Благодарејќи на лукавиот мачор, ги запознава необичниот Валдемар, поранешен физичар што е преокупиран со тајните на Месечината и на човечката душа, стариот сосед Титус, компилатор на разни водичи низ животот и магијата, убавата и осамена ветеринарка и светот на случајностите што ќе го вратат триесет години назад, во замокот на „бакнежот на пеперугата“, и кај Габриела, осамената жена на неговиот живот.

Забавна и нежна приказна за љубовта и пријателството, што ќе го трогне читателот со малите тајни на среќата.

„Франсеск Миралјес е длабок, бистар и оригинален писател. Им го препорачуваме овој роман, лекција по љубов и човечност, на сите што веруваат дека можностите на човечкото духовно зреење и менување немаат граници. “

francesc-miralles

Франсеск Миралјес

Франсеск Миралјес е роден во 1968 година во Барселона. Музичар е и писател. Откако завршил германистика, уредувал низа книги со духовна и психолошка тематика. Пишува книги за млади, патописи и стати...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил