Љубовологија

Издавач: ПАБЛИШЕР

Година на издавање: 2017

Димензии: 210/140

Нема на залиха

Краток опис

▪ Која е разликата меѓу љубов и заљубеност?
▪ Постојат ли безусловна љубов и сродни души?
▪ Дали љубовта е прашање на одлука и дали е вистина дека спротивностите фатално се привлекуваат?
▪ Зошто доаѓа до неверство и може ли да се преболи?

Ова се само некои од прашањата што ги поставува најпознатиот хрватски автор на духовна литература Бруно Шимлеша во својот бестселер Љубовологија и на едноставен но луциден начин нè учи како да изградиме здрави и среќни односи со другите.

Дали станува збор за партнерска или семејна љубов, за пријателски или деловни односи, авторот ни ги разоткрива вообичаените заблуди и погрешни очекувања што си ги наметнуваме едни на други, но исто така предлага и решенија кои ќе ги вратат довербата и задоволството во најважната сфера на животот. За градење на вистинска љубовна врска клучни се три фактори – рамнотежа на давање и примање убавина, висок степен на компатибилност и искреност. Бруно Шимлеша нуди и еден уникатен тест, кој ќе им помогне на партнерите да откријат колку нивните љубовни желби и надежи се совпаѓаат и имаат ли темел за вистинска врска каква што секогаш посакувале.

Кога би постоела наука за љубовта, оваа книга би била учебник!

 

bruno-simlesa

Бруно Шимлеша

Белешка за авторот од авторот

Во една книга напишав дека сум идеолог. Ме воодушевуваат светот на идеите и привилегијата што ја имаме со својот ум и своето срце да ѝ дадеме на вистината сцена...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил