Умрен човек

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-423-6

Година на издавање: 2016

Димензии: 140/210

На залиха
За само 320  ден. Регуларна цена 400  ден.  -80  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Пак јас...

Прости ми, пријателе мој, посилно е од мене... Ти ветив дека повеќе нема да пишувам за себе, ама што маж сум јас ако си го одржам ветувањето? Имаат ли крај овие мои климактерични его-трипови? И имало ли во моите мозочни „фајлови“ уште нераскажани приказни?

Е па... имало, пријателе.

Ќе умрам ако не ти ги раскажам. Или откако ќе ти ги раскажам. Ете така, просто морам да ти ги раскажам.

Како старецот во приказните кој претчувствува дека му доаѓа крајот, па ги собира околу смртната постела своите тројца синови, за да им каже нешто што дотогаш им го немал кажано. Нешто многу вредно. Некоја тајна што тие не ја знаеле. Или... едноставно да им подари некоја стара мудрост, онака за крај.

Ете, така и јас. Не оти ќе се умира набргу. Вакви говеда како мене живеат за инает. И не оти тврдам дека во моите приказни има некоја мудрост. А и да има, ќе мораш сам да ја откриеш, пријателе мој. Ако сакаш.

Или пак, едноставно, препушти им се на приказните...

 

 

igor-dzhambazov

Игор Џамбазов

Игор Џамбазов (р. 15 јули 1963) — македонски глумец, забавувач, ТВ водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец. Роден е на 15 јули 1963 во Скопје во семејството на композитор...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил