Вие сте вашите уверувања

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 978-608-4892-03-8

Година на издавање: 2019

Број на страници: 305

Димензии: 23cm

Корица: мека

На залиха
За само 500  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Нашиот животен пат е поплочен со верувања што се развиваат од најраното детство, па сè до последните часови на нашиот живот.  Ограничувачките верувања се честа причина поради која немаме самодоверба, остануваме заробени во комфорната зона и не го живееме животот што го заслужуваме.

Оваа книга ќе ве ослободи. Приказните од срце, советите што им помогнале на илјадници луѓе низ светот и неверојатните откритија на авторот ќе ви покажат, чекор по чекор, како да го живеете својот живот од соништата. Таа ќе ви ги открие верувањата што ве попречуваат и кои без одложување ќе мора да ги промените за да станете самоуверени, храбри и отворени за промени. Ќе се ослободите од чувството на помала вредност, од чувствата на вина, срам и страв.

Вие сте вашите уверувања претставува моќен прирачник за постигнување на зацртаните цели. Таа е лична исповед на авторот Смиљан Мори, кој успеал да се ослободи од вкоренетите верувања што со години му го расипувале квалитетот на животот. Денес тој е неизмерно успешен претприемач, автор, мотивациски говорник и среќен сопруг и татко на две деца. Препуштете им се на неговите зборови и станете најдобрата верзија на самите себе.

Подарете си ја оваа книга – зашто со неа ќе си дарите слобода!

Smiljan_Mori

Смиљан Мори

Смиљан Мори е дипломиран правник, меѓународен претприемач и мотивациски говорник, како и автор на повеќе бестселери: МотивАкција сега, МотивАкција без граници, Разбудете го победникот во себе и многу д...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил