Детето

Издавач: САКАМ КНИГИ

ISBN: 9786082601748

Година на издавање: 2022

Број на страници: 374

Димензии: 21cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 490  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

„Се викам Симон. Имам десет години. Јас сум сериски убиец.“

Роберт Штерн, успешен адвокат, не е ни свесен што го чека кога прифаќа да се сретне со нов клиент во предградието на Берлин. Затоа се шокира кога сфаќа дека личноста којашто треба да ја брани е десетгодишно момче – Симон – кревко дете со хронична болест, кое тврди дека бил убиец во претходниот живот. Изненаденоста на Штерн брзо се претвора во хорор кога го пребарува подрумот каде што го испраќа Симон и наоѓа остатоци од човечки скелет, череп расечен со секира – баш како што Симон му кажува дека ќе најде. Но ова е само почетокот, бидејќи Симон му кажува на Штерн каде сѐ ќе најде други жртви чии тела стоеле скриени и неоткриени со години. Одеднаш и сегашноста делува убиствено опасна…

Детето е изопачен брз трилер кој ќе ви го забрза срцебиењето од адреналин.

sebastian-fitzek

Себастијан Фицек

Себастијан Фицек е германски писател и новинар. Неговата прва книга Терапија беше бестселер во Германија во 2006 година, соборувајќи ја Кодот на Да Винчи од првата позиција. Со продадени над 12 милиони...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил