Часови по измама

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082308920

Број на страници: 89

Димензии: 21cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 200  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Патник

Имам сѐ, а врз мапата

на мојата душа празни места

сѐ уште вдлабени. Неистражени

предели каде што себе

се канам на двобој, или на експедиција:

по тој пат, нема што да се загуби.

И кога ни се чини дека имаме сè, уште зјаат многу празнини во нас што пекаат за пополнување. Каде да ги најдеме „неистражените предели“ со кои можеме да ги населиме? Во себе да ги бараме или во светот за кој немаме чувство дека сосем му припаѓаме? И по кој пат да тргнеме кон нив – по тесната и длабока патека на душата или по широкиот друм на материјалниот свет опкружен со илузии, неискреност и „часови по измама“?... Но можеби уште поважно е на тој пат да не се изгубиме себеси.

Виолета Танчева-Златева

natasha-sardzoska

Наташа Сарџоска

Наташа Сарџоска (Скопје, 1979), поетеса, писателка, антрополог, литературна преведувачка, полиглот. Живеела во многу европски градови, меѓу кои Париз, Милано, Лисабон, Хајделберг, Брисел, Штутгарт.<...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил