Мисли и збогати се: Практични чекори

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786085021000

Број на страници: 306

Димензии: 21cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 400  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Ништо не е невозможно кога желбата е поткрепена со цврста верба.

За многу луѓе успехот изгледа лесен и достапен. Тие не работат повеќе од вас, ниту се поинтелигентни или поостроумни. Која е нивната тајна? Наполеон Хил ја знае, а сега и вие можете да ја откриете.

„Мисли и збогати се“, продадена во над 20 милиони примероци, е бизнис-класика без која не може да се замисли овој вид литература, а и безброј успешни луѓе. Книгава, пак, што ја држите в раце изобилува со практични чекори и трансформативни методи со чија помош лесно и брзо од идеја ќе стигнете до немерлив успех.

Секој кој има јасна замисла, зацртана цел и горлива желба да ја претвори во реалност, решително ќе работи да си го оствари сонот и да стане успешна и среќна личност. Секому во животот му се појавува можност за пресвртница. Треба само да ја насетите и да запомните дека практичните сонувачи никогаш не се откажуваат! Нема исклучоци. Сè што умот може да замисли и во што верува – може и да го оствари.

napoleon-hill

Наполеон Хил

Наполеон Хил (1883–1970) е еминентен американски автор, приврзаник на таканареченото Движење на новото мислење (или Повозвишено мислење), чии религиозно-филозофски идеи се појавиле во втората полови...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил