На запад ништо ново

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082309163

Број на страници: 250

Димензии: 21cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 300  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Секој војник останува жив благодарејќи на илјадници случајности.

И секој војник верува и му се препушта на случајот. Од школската клупа директно на бојното поле. Паул Бојмер на почетокот на Првата светска војна е регрутиран заедно со своите врсници во германската војска. Млади и полни со идеализам, тие стануваат силни војници. Но наспрема поривот што го тера да војува, Паул води уште една битка во себе – онаа против омразата што бесмислено ги тера луѓето да се борат во различни униформи, едни против други.

На запад ништо ново е најпопуларниот и најпреведуван воен роман на сите времиња. Не можеле да го замолчат ниту прогонството на Ремарк од татковината ниту горењето на неговите книги. Бил и останува сведок на разорните последици што војувањето ги носи врз личната и колективната болка и судбина.

Оваа книга е жестока осуда на ужасите на војната. Обид да престанат или барем да се ублажат нејзините трауми, повик да не се повтори никогаш. Надежна приказна што зрачи со љубов и грижа за човештвото.

erich-maria-remarque

Ерих Марија Ремарк

Ерих Марија Ремарк (22 јуни 1898 – 25 септември 1970) е псевдоним на германскиот писател Ерих Паул Ремарк, еден од највлијателните германски писатели познат по полемизирањето на последиците и трауми...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил