Специјалист за љубомора и други раскази

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082309149

Година на издавање: 2023

Број на страници: 214

Димензии: 21cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 450  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Мрачни и возбудливи приказни - патување низ изопачените, лажливи умови на одмаздољубивите срца

Вистинските бестрашни љубители на криминалот со оваа книга ќе го доживеат најпродаваниот детективски автор како никогаш досега. Насловниот расказ е само вовед во многу заплеткани животни истории. Инспектор, спецјалист за љубомора, кој на островот Калминос ќе се соочи со чудно исчезнување на еден германски турист. Таксист кој ја наоѓа обетката на сопругата во автомобилот на својот работодавач. Жена која дознала дека сопругот ја изневерува и на летот од Њујорк до Лондон му го раскажува својот морничав план на човекот кој седи до неа...

Приказни проникнати со најмоќните човечки чувства. Во својот добропознат манир, Несбе ги прикажува можните смртоносни последици од неискреноста, љубомората и неверството. Извонредната атмосфера, шокантните пресврти и неизвесноста - што мајсторски ги владее, одново го потврдуваат како најдобар крими - автор на денешницата. 

„Несбе умее остро да ги преобрази баналните и безначајни случувања во судбоносни пресвртници и духовито, но застрашувачки ги отсликува современото општество и светот околу нас.“

Берлингске

jo-nesbo

Ју Несбе

Ју Несбе (1960) е современ норвешки писател, музичар и економист, водечки автор на криминалистички романи и трилери во Европа. Дипломирал економија и бизнис-администрација во 1986 година, работел ка...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил