Странецот

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082309019

Број на страници: 118

Димензии: 20cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Човекот е единственото суштество кое одбива да биде она што е.

Едно утро Мерсо добива телеграма со известување за смртта на мајка си. Не само што таа вест ја прима ладнокрвно, туку утредента заминува на плажа со Марија, девојка кон која не чувствува ништо посебно. Без да се насети некаква емоција во неговиот карактер, Мерсо најпосле, без премислување, заслепен од летната жештина, убива човек.

Судењето за убиство на Мерсо се претвора во обвинување на неговата рамнодушност. Романот станува филозофска разрешница која ја расветлува апсурдната егзистенција на модерниот човек – борбата на поединецот против наметнатите морални норми.

Зошто Мерсо е туѓинец и дали вреди потрагата која ја води по суштината? Одговорот е во мајсторството на Албер Ками, кој преку психолошкото соголување на неговиот лик, создава ремек-дело на светската книжевност и еден од најзначајните романи на 20 век.

„За искреноста со која ги посочува проблемите со кои е обременета совеста на нашето време.“

Нобеловиот комитет при врачување на наградата на Албер Ками

albert-camus

Албер Ками

Алберт Ками (1913 – 1960) е француски филозоф, писател, драматург и новинар. На 44-годишна возраст, во 1957 година, се закитил со Нобеловата награда за литература, со што станал втор најмлад нобелов...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил