Возрасни деца од емоционално незрели родители

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082309378

Број на страници: 246

Димензии: 21cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 450  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Оваа книга нема цел да обвини никого, напротив, ни овозможува да ги разбереме родителите на едно друго ниво што ќе нѐ научи како да ги излечиме раните од минатото. 

Децата не можат да си ги изберат родителите. За жал, многу од нив имаат емоционално незрели родители, а последиците од тоа ги чувствуваат цел живот. Да се разбере сопственото минато и да се види како влијае тоа врз сегашноста може да биде болен процес. Благодарение на клиничкиот психолог Линдзи Гибсон, можеме да се запознаеме со деструктивната природа на односите со родителите и да научиме како да се справиме со нив.

Ако и вие сте растеле со недостапен или себичен родител, често од вас може да избиваат чувства на лутина, бес, осаменост или несигурност. Сетете се на сите ситуации во кои не ви биле задоволени емоционалните потреби, кога сте биле игнорирани или сте морале да преземате одговорност како да сте возрасни. Овие лузни можат да се излечат и од рани да станат двигател кон подобар и посреќен живот. Ако добро знаете што значи емоционална зрелост, ќе можете да го најдете и она што го барате. 

„Приоѓајќи им со мудрост и сочувство, Линдзи Гибсон им овозможува на читателите да ги согледаат и подобро да ги запознаат отровните врски, што го олеснува пронаоѓањето на нови, здрави патишта што ќе ги излечат. Оваа книга е моќна можност за да си помогнете самите себеси.“

Томас Ф. Кеш

lindsay-c-gibson

Линдзи Гибсон

Линдзи Гибсон, доктор по психологија, е клинички психолог со приватна практика, а специјалност ѝ е индивидуалната психотерапија со возрасни деца од емоционално незрели родители. Автор е на книгата „Кои...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил