Втора фондација

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 9786085021079

Корица: softcover

На залиха
As low as 380  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Само тајната може слабоста да ја претвори во предност.

Досега Фондацијата беше безбедна, благодарение на скриената Втора Фондација основана заради нејзина заштита. Барем така си мислевме. Но каков би бил светот без противници? Со појавата на мутантот Мула, започнува и продолжението на најдобрата научнофантастична сага на сите времиња.

Мула започнува засилена потрага по Втората Фондација. Никој не може да му се спротивстави, зашто има единствена моќ да дејствува врз емоциите на луѓето преобликувајќи им го начинот на размислување. Тој успева дури и најголемите противници да ги претвори во свои покорни слуги. Неговата цел? Освојување на целата галаксија и самопрогласување за нејзин господар. Ќе пропадне ли планот на Хари Селдон, а со тоа и обновувањето на цивилизацијата? Се чини дека само 14-годишната Аркадија го има одговорот на тоа прашање.

Каде е крајот на галаксијата? Или можеби навистина е бескрајна. Токму како и имагинацијата на Исак Асимов, кој создава уште едно ремек-дело во научната фантастика.

isaac-asimov

Исак Асимов

Исак Асимов (1920-1992) го почнал пишувањето на Фондација на возраст од двесет и една година, не ни помислувајќи дека серијалот еден ден ќе се смета  за камен-темелник на научната фантастик...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил