Книга за гробиштата

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 978-608-456-9909

Година на издавање: 2019

Број на страници: 313

Димензии: 140/210

Корица: softcover

На залиха
As low as 200  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Малиот Ник Овенс одеднаш ќе остане сам на светот по бруталното убиство на неговите родители. Напуштен од сите ќе најде засолниште и љубов на најневообичаеното место – едни стари градски гробишта каде што ќе го одгледаат духовите на луѓето кои се закопани тука. Стоејќи на границата меѓу животот и смртта Ник ќе порасне во необичен младич кој конечно ќе ја открие вистината за себе дури откако ќе научи дека само љубовта ги надминува границите на смртта.

Нил Гејман е супер ѕвезда во светот на книжевноста токму поради храброста да допре необични теми, да си игра со жанровите и сето тоа да го пренесе до читателот на едноставен  и разбирлив начин. Во „Книга за гробиштата“ Гејман прави необичен спој од хорор, трилер и семејна приказна за растењето и созревањето на еден млад човек, раскажана со многу топлина, љубов и хуманост.

„’Книга за гробиштата‘ е книга во која се собрани сите елементи во кои Гејман е најдобар: силна приказна, незаборавни ликови, мистерија, хорор, митови и само мала, но неизбежна, алузија на супер херои и вампири.“ Њујорк тајмс

neil-gaiman

Нил Гејман

Нил Гејман (1960, Портчестер, Велика Британија) е еден од најпознатите и најценетите современи писатели во жанрот на фантастиката. Светска слава стекнува во деведесеттите години како автор на исклуч...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил