Стаклените деца

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-593-6

Година на издавање: 2019

Број на страници: 236

Димензии: 140/210

Корица: softcover

На залиха
As low as 250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Стаклените деца е првиот роман за деца на Кристина Улсон една од најистакнатите авторки на криминалистички романи во Шведска која својата вештина за создавање на мистерии и трилер-атмосфера успешно ја адаптира и за помладата публика.

Возбудливата и интригантна приказна се одвива околу низа мистични работи што се случуваат во новиот дом на Били и нејзината мајка. Се чини како куќата да не сака тие да живеат таму. Заедно со своите пријатели Симона и Аладин, Били почнува да ја истражува темната историја на куќата. Сè додека една ноќ не ја разбуди тропање на нејзиниот прозорец...
Колку повеќе истражува, толку станува посигурна дека мора да ја напуштат куќата, и тоа колку што е можно побрзо, пред да се случи нешто страшно. Пред да биде предоцна...

„Стаклените деца“ е добитник на шведската Награда за роман за деца во 2013 година, како и на наградата на Шведското радио за најдобра книга за читатели од 9 до 12-годишна возраст.

kristina-ohlsson

Кристина Улсон

Кристина Улсон е родена на 2 март 1979 година, во Стокхолм. Таа е политички научник и една од најуспешните шведски авторки на криминалистичка фантастика и на книги за деца. Пред да стане писателка со п...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил