Ти носам пустински песок

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 9786084892502

Година на издавање: 2021

Број на страници: 176

Димензии: 21 cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 300  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Таа е неговата најнај другарка, тој нејзиниот најнај другар. Се викаат Стела и Сани, а меѓу себе Јасти и Тијас. Родени се на ист ден, во иста година, во ист час. Исти им се и имињата. Sвездени.Живеат во исто маало, учат во исто одделение, исти нешта ги интересираат. Изгледа дека ништо не би можело да ги раздели, па сепак...

Кога ќе се најдат илјадници километри далеку еден од друг, продолжуват да се дружат преку мејлови. Но колку можат тие да им ги надоместат живите средби, гушкањата, заедничката смеа, солзите, воздишките?... Ќе се смени ли нешто меѓу нив? Дали ќе успеат да ја одржат блискоста?

На прагот се од тинејџерската доба со неброени прашања без одговори. И премногу си недостигаат. Ех, само кога повторно би се виделе!

Ти носам пустински песок, прв роман за деца и млади од авторката на Последниот чај, Полиња со диви нарциси, Понекогаш доаѓа среќа, Луна и Вилино.

vinka-sazdova

Винка Саздова

Винка Саздова е родена на 10 август 1956 година, во Стрезовце, Република Македонија. Има завршено Филозофски факултет во Скопје, на Катедрата по психологија. Била новинар во Културната редакција на ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил