Господин Ибраим и цветовите на Коранот

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307688

Година на издавање: 2021

Број на страници: 64

Димензии: 21 cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 199  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Она што го даваш, тоа е твое засекогаш, а она што ќе го задржиш, тоа е изгубено засекогаш.

Она што господин Ибраим несебично го дава, се мудрите совети упатени кон малиот Момо.

Напуштен од мајка си, Момо живее заробен од осудувањата и очекувањата на својот скршен татко, кој еден ден исто така ќе го напушти. И додека се обидува да се снајде во суровиот свет, тој сфаќа дека ништо не е онака како што изгледа – Сината улица не е сина, Арапот не е Арап, Момо не е деминутив од Мојсеј туку од Мохамед. Во овој свет еден пријател вреди за многумина, а животот не е секогаш тажен.

Средбата на Момо со господин Ибраим, мудриот старец кој живее на Сината улица и работи во својата бакалница од утро до полноќ, е мигот што му го менува животот на младото момче. На крстопатот на две религии, Ибраим го учи Момо за мудростите на животот.

Полна со инспиративни реченици, оваа приказна од циклусот „Невидливиот“ е приказна полна со алузии не само за религијата, туку и за целокупното постоење.

eric-Emmanuel-schmitt

Ерик-Емануел Шмит

Ерик-Емануел Шмит (1960) е француско-белгиски романсиер, филозоф, драматург и режисер. За две децении станал еден од најчитаните автори чии драми постојано се поставуваат на сцените во над 50 земји ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил