Фактологија

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307015

Година на издавање: 2020

Нема на залиха

Краток опис

Свесноста за фактите е навика која го намалува стресот и гради ставови засновани врз цврсти аргументи Зошто расте бројот на жители во светот? Колку млади жени се школуваат? Колкумина живеат во сиромаштија? На овие и на многу други едноставни прашања за глобалните трендови луѓето систематски даваат погрешни одговори. Толку погрешни што шимпанзата, кои случајно би ги избрале одговорите, би имале подобри резултати од новинари, нобеловци и банкарски инвеститори.

Ханс Рослинг, професор по меѓународно здравје и човек кој умее да ги натера податоците да пеат, нуди ново, радикално објаснување зошто се случува тоа и ни открива десет инстинкти кои ни го искривуваат светогледот. Според Рослинг и неговите соработници, и покрај сите несовршености, светот е во многу подобра состојба отколку што мислиме. Но кога непрестајно и претерано се грижиме за сѐ наместо да усвоиме светоглед заснован врз факти, знаеме да ја изгубиме способноста да се сосредоточиме на нештата кои ни претставуваат најголема закана.

Инспиративна, просветлувачка и полна со анегдоти и трогателни приказни, Фактологија е значајна, суштинска книга која го менува начинот на кој ги гледаме работите околу нас.

hans-rosling

Ханс Рослинг

Ханс Рослинг е роден во 1948 година, во Упсала, Шведска. Студирал статистика и медицина на Универзитетот Упсала и јавно здравје на Колеџот Св. Џон, во Бангалор, Индија, каде што во 1976 година се ст...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил