Пророкот

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-556-1

Година на издавање: 2018

Број на страници: 83

Димензии: 125/195

Корица: softcover

На залиха
As low as 108  ден. Regular Price 150  ден.  -42  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

По дванаесет години доаѓа денот кога Пророкот мора да го напушти островот Орфалес. Пред да замине народот се собира околу него на чело со свештеницата Алмитра молејќи го да им ја пренесе својата мудрост за љубовта за бракот и децата за времето за радоста и тагата за законите и казните за давањето пријателството... Просветлувачките и човечни одговори на Пророкот му даваат на народот безвремена водилка за животот.

Пророкот станува бестселер уште со своето прво издание во 1923 г. Оттогаш делото е преведено на над 40 јазици, а неговата инспиративна лирична проза се смета за класика. Мистичните илустрации од надарената рака на самиот писател се совршено визуелно надополнување на ова моќно дело, целина што е вистински мевлем за душата и сетилата. Пророкот е непресушен извор на мудрости и поуки за сите сфери на човековото живеење, што им вдахнува духовност на световните прашања.

Како што пророковите мисли се дар за жителите на Орфалес, така оваа книга е Џибрановиот универзален дар на човештвото, аманет што се пренесува од колено на колено.

khalil-gibran

Халил Џибран

Халил Џибран (6 јануари 1883 – 10 април 1931) либанско-американски писател, филозоф и уметник, член на Друштвото на арапската писателска дијаспора во Њујорк, Ал Рабита ал Каламија. Роден е во градот...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил