Разбудете го џинот во себе

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 978-608-4892-04-5

Година на издавање: 2019

Број на страници: 530

Димензии: 155/235

Корица: softcover

На залиха
As low as 400  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Разбудете се и преземете ја контролата врз својот живот! Веќе 30 години Разбудете го џинот во себе го задржува приматот на една од најзначајните книги за мотивација и самопомош што биле некогаш напишани. Милиони луѓе се будат со помислата дека нема да прифатат ништо помалку од неверојатен живот. И сето тоа благодарејќи на ефикасните совети и најквалитетните техники за самоусовршување кои ќе ви овозможат да станете личност каква што секогаш сте сонувале да бидете.

Ентони Робинс, реномираниот експерт за психолошкиот процес на промените, ни ги открива најефикасните стратегии и техники за справување со емоциите, со промените на нашето тело, со врските, финансиите и воопшто со сето она што го сочинува нашиот живот. Ни нуди програма која чекор по чекор нè учи на основните лекции како да завладееме со сопствената судбина, кои ќе ни помогнат да ја откриеме вистинската цел во животот, да ја преземеме контролата и да завладееме со силите кои ни ја обликуваат судбината.

„Тони Робинс е еден од највлијателните луѓе на оваа генерација. Разбудете го џинот во себе е фасцинантно претставување на најновите наоди и согледувања низ цел еден спектар прашања, вклучувајќи ја и сè поголемата свесност дека вистинскиот успех се состои, пред сè, во трајните вредности и во помагањето на другите.“ Стивен Р. КОВИ

Toni_Robins

Тони Робинс

Ентони Робинс е претприемач, милионер уште откога наполнил дваесет и четири години – основач на девет компании – и автор на бестселерот Неограничена моќ, една книга што сега е објавена на тринаесет јаз...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил