Тајните писма

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082300863

Година на издавање: 2012

Димензии: 125X195

Нема на залиха

Краток опис

ДОЛГООЧЕКУВАНОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА НАЈПРОДАВАНИОТ СЕРИЈАЛ „КАЛУЃЕРОТ ШТО ГО ПРОДАДЕ СВОЕТО ФЕРАРИ“

Џонатан Лендри поминува низ тежок период во животот. По необичната средба со својот загубен роднина Џулијан Ментл - поранешен влијателен адвокат кој одеднаш исчезнал на Хималаите - тој е принуден да патува по светот за да ги собере тајните писмата во кои се кријат извонредните тајни што ги открил Џулијан.На незаборавното патување што ве води во сензуалните сали за танго на Буенос Аирес, морничавите катакомби во Париз, блескавите кули во Шангај и мистичните пустини на Седона, Тајните писма на калуѓерот што го продаде своето ферари открива изненадувачки сознанија што ќе ви помогнат да си ја вратите моќта, да му бидете верни на своето вистинско јас и бестрашно да ги живеете своите соништа.

Денес на светот нема вишок луѓе. Секој од нас е тука со причина, со некоја специјална цел – мисија. Да, биди среќен и забавувај се многу. И да, стани успешен, но според свои критериуми, а не според оние што ти ги наметнува општеството. Но – над сè – биди од значење. Направи твојот живот да е важен. Биди од корист. Биди им на услуга на колку што е можно повеќе луѓе. И биди рамо до рамо со најдобрите што некогаш живееле. Робин Шарма

robin-sharma

Робин Шарма

Робин Шарма е светски почитуван хуманитарец и основач на непрофитна организација што им помага на загрозените деца да живеат подобар живот. Нашироко познат како еден од врвните светски експерти за п...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил