Преплетени со природата

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082309194

Корица: softcover

На залиха
As low as 400  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Како цивилизација отидовме во многу крајности – прекинавме да допираме земја со голи раце, да одиме по почвата со боси нозе, да спиеме во целосен мрак и тишина, да јадеме необработена храна, да се движиме... Дојдовме дури дотаму да си ги броиме чекорите!

Апсурдно е што ни требаа многу нови и сложени проучувања за да стигнеме до старата вистина – во секој од нас е впишан кодот на здравото живеење. Не мораме да знаеме еден куп научни податоци за да живееме правилно и здраво, зашто сме испреплетени со сите нишки на природата и интуитивно знаеме како треба и како сакаме да живееме.

Поразително за нас како цивилизација е што науката од 21 век ни укажува дека треба да водиме начин на живот како од 19 век, во дослух со природните и неизвитоперени потреби на нашето тело.

Со своето богато практично искуство како доктор на медицина, магистер по јавно здравје и влијанијата на животната средина врз здравјето, д-р Митов ја „преведува“ најновата медицинска наука во практиката и ни дава конкретни совети за здрав, среќен и исполнет живот.

aleksandar-mitov

Александар Митов

Д-р Александар Митов е магистер по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето. Дипломира медицина на Медицинскиот факултет во Скопје како првенец на генeрацијата, со просек 9,9. Магис...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил