Авантурите на Арсен Лупен, крадецот џентлмен

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307619

Година на издавање: 2021

Димензии: 125/195

Корица: softcover

На залиха
As low as 250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Арсен Лупен – безмилосен, опасен крадец и екцентричен џентламен со чии лукави подвизи не можат да се справат ни најдосетливите детективи!

Создаден од перото на Морис Леблан на почетокот на 20 век – Арсен Луоен е самоуверен крадец, Шерлок Холмс во светот на криминалот. Сиромашните нема зошто да му се плашат, тие често и уживаат во неговата спонтана дарежливост. Но затоа богаташите и детективот кој се обидува да му влезе во трагата мора да бидат претпазливи.

Плановите на маестралниот крадец прераснуваат во сложени, детално разработени авантури и претставуваат приказни што им претходат на кинематографските остварувања како Единаесеттемина на Оушн, а се инспирација и за серијата Лупен продуцирана од Нетфликс.

Освен што изобилуваат со досетливи шеги, најдобрите приказни од серијалот за Арсен Лупен се скандалозни, мелодраматични и остроумни. Со своите незапирливи подвизи Лупен е незаменлив лик во крими-литературата – единствениот со доволен калибар да смисли и да изведе кражба со такви размери!

maurice-leblanc

Морис Леблан

Морис Леблан е роден во Руан, Нормандија, каде го завршил своето основно образование. По студирањето во неколку земји и напуштање на Правниот факултет, се населил во Париз и започнал да пишува проза, к...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил